Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседавачот на бордот на директори на руски „Лукоил“ почина откако „паднал од болничкиот прозорец“

/

пред 1512 дена

Сподели преку :

Претседавачот на бордот на директори на рускиот нафтен џин Лукоил, Равил Маганов, починал откако паднал од прозорецот во болницата во Москва.

67 годишниот Маганов бил лекуван во централната клиничка болница во главниот град на Русија и го загубил животот како последица од своите повреди, пренесуваат медиумите.

Неговата смрт е само последната во серијата смртни случаи на големи руски бизнисмени кои го загубија животот во мистериозни околности.

Набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, Лукоил повика на крај на војната. Уште во март, бордот на директори на оваа компанија повика судирите во Украина да завршат што е можно побргу и изрази сочувство со жртвите на трагедијата.Равил Маганов ја презеде функцијата претседавач на бордот на Лукоил пред две години а започнал да работи во приватната нафтена компанија уште во 1993-тата година.

Во мај, поранешниот високо рангиран директор во Лукоил, Александер Суботин, наводно исто така загинал под невообичаени околности.