Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Превозниците бараат посебен третман во „Безбеден град“

/

пред 250 дена

Сподели преку :

Приватните превозници во Скопје реагираат дека системот „Безбеден град“ неправедно ги санкционира автобусите, без да ги земе предвид специфичните услови на јавниот превоз.

Поради долгиот состав на автобусите и недостаток на посебни жолти ленти, тие често се бележат како да поминуваат на црвено светло, што води до високи казни и одземање возачки дозволи.

Предупредува дека ваквите санкции може сериозно да го нарушат јавниот превоз, со оглед на недостаток на возачи и ризик од паркирање на автобусите поради изречени забрани за управување.

Превозниците предлагаат да бидат третирани како посебна категорија во системот, со поголема толеранција, и предлагаат поврзување на ГПС-системите во автобусите со семафорите за „паметен“ зелен бран, што би овозможило избегнување на несакани санкции.