Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Презентирани нови методи за рано откривање на рак на дебело црево на Европскиот конгрес во Скопје

/

пред 171 дена

Сподели преку :

Пациентите со рак на дебелото црево во земјава се уште во голем број се дијагностицираат во доцна фаза на болеста. Сепак, во последните години Министерството за здравство прави значајни исчекори, воведувајќи нови методологии за рано откривање и третман.

Во Скопје денеска се одржа 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи. Настанот беше организиран од Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи, во соработка со Европската асоцијација на дигестивни хирурзи.