Полициски службеници од СВР Куманово, заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, ноќеска извршиле контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.
При проверките биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два објекта биле затекнати малолетници по полноќ.
Во еден од објектите, сопственичката С.В. (45) била лишена од слобода бидејќи биле затекнати 14 малолетници, од кои еден под дејство на алкохол бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекле глоби на објектите за прекршоците по Законот за угостителство.
По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.











