Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пријава против директорката на „Галичица“ – дозволила тампонирање на парцела за која имало мораториум за градење

/

пред 175 дена

Сподели преку :

СВР Охрид поднесе кривична пријава против директорката на Националниот парк Галичица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Таа се товари дека во текот на 2026 година, во својство на в.д директор дозволила да се тампонира катастарска парцела која била во заштитен појас од 50 метри и за која имало донесено  мораторум за какви било градежни активности.

И покрај тоа што за катастарска парцела немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, ве де директорката склучила договор со приватна фирма од Охрид за тампонирање.

„Пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа – Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри, а за кој простор општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни активности, согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на охридскиот регион“, соопштија од полицијата.