Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пријава за црногорскиот претседател Милатовиќ за кршење на Законот за финансирање политички субјекти и изборна кампања

/

пред 732 дена

Сподели преку :

Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора го информираше претседателот Јаков Милатовиќ дека против него е поднесена пријава под сомнение дека го прекршил Законот за финансирање политички субјекти и изборна кампања.

АКС поведе иницијатива за поведување на постапка поради сомнението дека претседателот на Црна Гора го прекршил Законот бидејќи на 25 ти септември во текот на работното време бил ангажиран на промоција на својата изворна листа односно активно учествувал во предизборната кампања.

Пријава е поднесена и поради промотивниот спот за листата „За подобра Подгорица – Јаков Милатовиќ“, кој е снимен во кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Претседателот Милатовиќ има рок од пет дена да се изјасни за обвинувањата.