По 30 години се менува формулата за финансирање на основното и средното образование, а ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова ќе значи дека сите училишта ќе добиваат различни средства од министерството за образование, велат оттаму.
Причината, велат, е што постојните средства не обезбедуваат ефикасност во финансирањето. Во моментов, дури 90 отсто од средствата кои ги добиваат општините, се користат за исплата на плати и режиски трошоци на училиштата, што е значително над просекот во ЕУ каде изнесува 70 насто.
Методологијата ја изработи министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ, Светска банка, швајцарската амбасада, здружението ЗМАИ, ЗЕЛС и локалните самоуправи, а очекувањата се дека промената ќе стимулира поквалитетен воспитно-образовен процес.











