Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Примирје, па избори и потпишување на мировен договор – САД и Русија расправаат за мировен план за Украина во три фази

/

пред 608 дена

Сподели преку :

Новинарката на „Фокс њуз“ и дописничка од Белата куќа, Жаки Хајнрих извести дека САД и Русија моментно расправаат за план за мир во Украина во три фази – примирје, избори во Украина и потпишување на финален договор.

По разговорите меѓу САД и Русија, Стејт департментот извести дека американската и руската делегација се договориле за „отстранување на пречките“ за билатералните односи и за продолжување на подготовките за преговори за руската војна против Украина.

Конректно, договорено е именување на „тимови на високо ниво“ за преговори за Украина.