Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за 53 годишен Велешанец, осомничен дека продавал кокаин

/

пред 503 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 53-годишно лице, осомничено за нелегална продажба на наркотични дроги. Според обвинението, осомничениот на 29 ноември 2024 година неовластено продал речиси еден килограм кокаин на жител на Велес за договорена сума од 50.000 евра.

Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, дел од средствата купувачот оставил на претходно договорена локација, пред да ја преземе дрогата. Кокаинот бил откриен при истрага и претрес во куќа на улицата „Петар Алчев“ во Велес, каде се утврдило дека бил преработуван во крек-форма, со помош на уште две лица.

Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда, а со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата, стои во соопштението од Обвинителство.

По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донел решение со кое на осомничениот му определил мерка притвор.