Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за скопјанец кај кого се пронајдени 100 пакувања кокаин

/

пред 674 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 16 декември полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје запреле за преглед автомобил во кој се превезувал осомничениот, па во тој момент кај него нашле над 100 различни полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна количина од 161,29 грама, како и уште 25 пакувања хероин со вкупна количина од 44,01 грама. Му била запленета и дигитална вага со остатоци од кокаин и хероин, пет мобилни телефони и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Фото: архива