Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за струмичанец по пронајдена дрога при полициска контрола

/

пред 186 дена

Сподели преку :

Полицијата во Струмица лиши од слобода 68-годишен жител на градот, кај кого при извршен преглед биле пронајдени наркотични супстанции. СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.П. поради сомнение за неовластено производство и трговија со дрога.

При контролата на 2 април, полициски службеници извршиле преглед на осомничениот и неговото возило, при што биле откриени околу 50 грама кокаин. По настанот, лицето било задржано во полициска станица.

По предлог на јавен обвинител, осомничениот бил изведен пред судија во Основниот суд во Струмица, кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.