Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приватен фонд од 300 милијарди долари ќе ја финансира реконструкцијата на Иран – први детали за мировниот договор

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Приватен инвестициски фонд од 300 милијарди долари е дел од рамковниот договор кој го постигнаа Соединетите држави и Иран за ставање крај на војната, но кој допрва треба да биде потпишан. Постоењето на фондот го објави новинската агенција Ројтерс, цитирајќи неименуван ирански извор, кој го опишува како финансиски поттик и за двете страни не само да го почитуваат моменталното примирје, туку и да постигнат конечен договор за мир и да го имплементираат.

Според изворот на Ројтер, за половина од предвидените средства е веќе договорено за што ќе бидат потрошени. Фондот не е официјална програма за репарации и реконструкција, каква што во текот на преговорите бараше Техеран и тоа во висина од 400 милијарди, што беше категорично отфрлено од Вашингтон, туку приватно финансирана иницијатива и во неа нема да бидат инвестирани никакви државни средства. Во фондот ќе учествуваат компании од Соединетите држави и регионот на Блискиот исток и Персискиот залив, и иако дел од тие средства ќе бидат искористени за обнова на штетата од војната, сепак во тоа нема да биде вклучена армијата или воената индустрија.

Договорот предвидува и укинување на американската блокада кон Иран, како и повторно отворање на Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски правци за транспорт на нафта и природен гас.

Ова се првите детали кои неофицијално се објавуваат во врска со рамковниот договор кој го постигнаа Вашингтон и Техеран, многу прашања во врска со кој сѐ уште не се одговорени, а најзвучно од нив секако иранската нуклеарна програма.

Игор Трајков