Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен 52-годишен во Куманово откако бил затекнат со 1,80 промили алкохол во крвта

/

пред 445 дена

Сподели преку :

Приведено е 52-годишно лице Б.М. во Куманово, откако бил затекнат како управува возило со 1.80 промили алкохол во крвта на булеварот „Октомвриска револуција“.

„При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта“ стои во соопштението од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.