Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен е Илчо Ѓорѓиевски, поранешен претседател на ФФМ

/

пред 108 дена

Сподели преку :

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран кримкнал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси.

Според информациите на Телма пред половина час, во рамките на оваа акција е приведен Илчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на ФФМ.

Според информациите приведувањето е поврзано со кривична пријава од 2020 година  – во која осомничени се 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), меѓу кои е и за поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Физичките лица и фирмите се осомничени за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата, проневера во службата, измама во службата, фалсификување или уништување деловни книги, соизвршителство.

Според информациите од Управата за финансиска полиција, со фиктивни фактури за наводно извршена продажба на стоки и услуги на ФФМ, правните субјекти се стекнале со противправна имотна корист.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека заедно со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат.