Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени четворица албански државјани за незаконит риболов во Преспанското Езеро

/

пред 128 дена

Сподели преку :

Четири државјани на Република Албанија се приведени утрово околу 05:00 часот од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, откако биле затекнати при незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро. Во моментот на интервенцијата, на сила била активна забрана за риболов во езерото.

При проверките било утврдено дека лицата нелегално ја преминале државната граница за да пристапат до местото на риболов. На самото место бил пронајден и запленет крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава од надлежните органи.