Полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода двете лица, Татко и брат кои на 20 јули физички го нападнале и претепале 13 годишното девојче од радовишко кое случајот само го пријави кај надлежните.
Случајот бил пријавен во полиција, откако девојчето побарало медицинска помош со видливи повреди.
По укажаната лекарска помош и добиените информации, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш веднаш ги лишиле од слобода двете лица.
За случајот бил известен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а со жртвата бил извршен разговор од страна на стручен работник од Центарот за социјални работи во Радовиш.
Полицијата информира дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава против осомничените.











