Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Привиден државјанин на Узбекистан осомничен за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов

/

пред 671 дена

Сподели преку :

Дваесет и деветгодишен државјанин на Узбекистан е приведен под сомнение за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Шефот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита – генерал-полковник Кирилов и неговиот помошник – мајор Поликарпов загинаа во експлозија вчераутро во Москва.

„Како резултат на нашите заеднички оперативно-истражни дејствија со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет на Русија, државјанин на Република Узбекистан, роден 1995 година, кој поставил импровизирана експлозивна направа во станбена зграда на Рјазански проспект во Москва, е идентификуваа и приведен”

Според информациите од руските власти, осомничениот признал дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби.

Му ветиле 100.000 долари и азил во земја на ЕУ, соопштија од прес-центарот на ФСБ Осомничениот е предаден на истражителите, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Убиен првиот човек на руските нуклеарни сили Игор Кирилов