Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Привремен сообраќаен режим кај надвозникот „Влајко“ во Влае – ќе се испитува статиката

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Од утре (вторник), во 7:30 часот започнуваат стручни мерења за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во скопската населба Влае.

Како што информира Општина Карпош, поради безбедноста на сообраќајот ќе биде воведен привремен режим што ќе трае седум работни дена и ќе се реализира во две фази.

Во првата фаза ќе се затвори дел од булеварот „Партизански одреди“ по принципот „лента по лента“ во насока исток – запад (кон Ѓорче Петров), а потоа ќе следи и затворање на ленти во обратна насока – кон Центар.

Сообраќајот ќе се одвива непречено, но со ограничување на брзината од 30 км/ч, и со јасна сигнализација на терен.

Од Општината апелираат до возачите и пешаците за трпение и почитување на привремениот режим со цел безбедно изведување на испитувањата и навремено враќање на редовниот сообраќаен тек.