Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проблемот со дивеењето на кравите во кривопаланечко општината не може да го реши – граѓаните најавуваат протест

/

пред 238 дена

Сподели преку :

Нови пријави за штети на земјоделските насади. Стариот проблем со дивеењето на кравите во кривопаланечкиот регион, не може да го реши општина Крива Паланка.

Оттаму реагираат дека иако има правосилни одлуки, државните институциите мораат да постапуваат по нив.

  • Спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултираа со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените мерки. Донесените решенија се правосилни и задолжителни за извршување и нивното спроведување не смее да биде доведено во прашање. Непочитувањето на институционалните одлуки и продолжувањето на постапки спротивни на закон претставува сериозен преседан што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, имотните права и јавниот ред и стабилноста во локалната заедница, од општината барат итно постапување и информираат дека во таа насока, дел од граѓаните најавиле организирање мирен протест на 26.02.2026 година, со цел да се укаже на нивната загриженост и да се побара целосно, доследно и навремено спроведување на донесените институционални одлуки.