Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

/

пред 754 дена

Сподели преку :

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски со предупредување до граѓаните да внимаваат кога купуваат пелети, зашто може да им бидат понудени некои како А класа, а всушност да се А2 или Б, за индустриска употреба.

Таков е случајот, како што информира на прес-конференција, со пелетите кои се продавале како словенечки, а немале врска со Словенија.

„Понајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. Пакувани се во други држави, а не соодветствува и квалитетот. Граѓаните мора да знаат кога купуваат каде се пелетите произведени и како се пакувани, дури тогаш да одлучат да купат зашто во моментов имаме декларирање А1 класа, која може да е А2 или Б, за индустриска употреба“, истакна Трајковски.

Моментно, дополни, се вршат анализи надвор од земјава и случајот со палетите детално ќе биде презентиран идната недела.