Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува амандманската расправа за финансирање и буџет

/

пред 322 дена

Сподели преку :

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандамнската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ.

Вчера беа одбиени неколку амандани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање.

Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, вкупните расходи на износ од 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).