Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

/

пред 166 дена

Сподели преку :

Денеска продолжува сидењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште одбраната на сопственикот на „Пулс“ и првообвинет Дејан Јованов-Деко побара замена на притворот со куќен притвор поради вложена здравствена состојба. За случувањата за време на трагедијата сведочеа Ана Захариева, која на критичната вечер била гостин во „Пулс”, како и Александар Јосифов, кој од 2017 до 2021 година бил главен секретар во Општина Кочани, во мандатот на градоначалникот Николчо Илиев и Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани.

Судењето е во доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Сопственикот на „Пулс“ бара куќен притвор поради нарушено здравје