Денеска продолжува судскиот процес за обвинетата докторка во случајот Онкологија која призна вина вина за несовесно лекување на седум пациенти во рамки на судскиот процес за злоупотреби на Клиниката. Нејзиниот случај се води одвоено по нејзиното признание и на денешното рочиште најавено е изведување докази и завршни зборови. На последното рочиште таа пред судот изјави дека ја разбира тежината на обвинението, се извини на пациентите и ја прифати вината, истакнувајќи дека нејзиниот печат и кориснички пристап биле оставени за побрзо администрирање на терапиите, но можеби биле злоупотребени. Спротивно од неа, другите обвинети – онколозите Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, како и поранешниот директор Нино Васев – не се чувствуваат виновни и најавија дека ќе ги побијат наводите на обвинителството. Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска во воведните зборови посочи дека обвинетите не постапувале само со пропусти, туку „криминално несовесно“, нарушувајќи ја довербата на пациентите и нивните семејства.











