Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за „Онкологија 1“

/

пред 361 дена

Сподели преку :

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија 1“, каде обвинети за несовесно лекување се онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Претходно, докторката Мери Пешевска призна вината и доби условна казна, откако беше утврдено дека биле злоупотребени нејзиниот факсимил и лозинка. На претходното рочиште сведочеа роднини на починати пациенти. Александар Гаќев, сопруг на една од пациентките, се откажа од отштетно побарување, наведувајќи притоа дека Васев секогаш бил коректен и достапен. Според неговото сведочење, Васев понудил третман во рамки на „експериментална австриска програма“, по што здравствената состојба на пациентката се влошила. Одбраната на Васев приговараше дека не станувало збор за експериментален третман и побара да не се сослушуваат сите сведоци. Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска одговори дека прашањата се поставуваат согласно исказите на сведоците. Беше побарано и изземање на техничкиот советник на обвинителството, онкологот и судски вештак Милан Ристевски.