Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи случајот „Онкологија 2“ за неосовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.
Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска на минатото рочиште кажа дека поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, не постапувале во интерес на јавната установа и на пациентите, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании, и со своите дејствија ја злоупотребиле и поткопале довербата во здравствениот систем и јавниот интерес. Таа пред судот истака дека Клиниката за онкологија е специјализирана за третман на најтешките пациенти со малигни болести каде обвинетите не ги прикажувале реалните медицински потреби и не ја следеле процедурата за јавни набавки под изговор дека постапувале во интерес на пациентите на кој начин ги извршувале кривичните дела.











