Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судскиот процес за убиствата на Вања и Панче

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува со завршни зборови на адвокатите на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Манев и Кешишев признаа учество во грабнувањата и убиствата, но тврдат дека грабнувањето на Вања било по грешка, бидејќи намерата им била да киднапираат друга возрасна жена.

Манев посочи дека планот го смислил првообвинетиот Љупчо Палевски, додека Кешишев тврди дека немал голема улога во планирањето, туку се приклучил од страв и поради финансиска потреба.

Боре Видевски целосно негираше учество во злосторствата и објасни дека за време на настаните бил на работа или во партијата „Десна“, но не презентираше конкретни докази за своето алиби.

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, е обвинет за помагање во грабнувањето на својата ќерка, што тој го негира и тврди дека бил жртва на неправедно постапување и тортура од страна на полицијата.

Обвинителството во завршните зборови побара доживотен затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, додека за Ѓорчевски побара казна според закон. Судењето кое трае повеќе од 10 месеци ќе заврши на следното рочиште, каде ќе се изнесат завршните зборови и на првообвинетиот Палевски, по што судот ќе ја објави пресудата.