Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат протестите на студентите во Белград, најавена нова 24 часовна блокада

/

пред 616 дена

Сподели преку :

Студентите во Белград продолжуваат со протестите кои траат веќе два месеца, а нивниот бунт полека ја добива поддршката и од граѓаните. Се зголемува интензитетот на нивните акции, со цел да се исполнат нивните барања, кои се однесуваат на проблемите во образованието, реформите на универзитетите и поголема одговорност на властите.

За денеска најавија нова 24-часовна блокада на една од главните и најважните сообраќајни точки во Белград, клучката во белградската населба Автокоманда. Овој протест ќе носи симболично име „Под нашата (авто)команда“, а организацијата вели дека ќе се придржува до строгите правила за безбедност, за да се избегнат инциденти и да не се загрози безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Паралелно со протестите, се очекува прес-конференција на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, кои ќе објават како што е најавено „многу важни одлуки“.