Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Продолжуваме со промените“ со втор мандат за бугарска влада, ДПС исклучи 17 пратеници

/

пред 833 дена

Сподели преку :

Пратеничката група на „Продолжуваме со промените“ ќе добие втор мандат за формирање на влада, откако Движењето за права и слободи (ДПС) денеска исклучи 17 пратеници од својот состав. Со тоа ДПС, од прва, стана четврта парламентарна група по бројност во Парламентот.

Согласно Уставот, претседателот на Бугарија треба да го додели вториот мандат за формирање влада на кандидат за премиер именуван од втората по големина пратеничка група. Втората по големина група во Националното собрание со 39 пратеници е ПП-ДБ.

Исклучените пратеници од ДПС минатата недела објавија отворено писмо во кое се изјаснија дека се за „единство и заедништво“ на партијата под раководство на почесниот претседател Ахмед Доган. Тој вчера побара оставка од Дељан Пеевски и уште петмина членови на раководството на ДПС.