Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проектот „Дигитална пристапност и социјална инклузија“ како подготовка за претстојниот Закон за дигитален пристап

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Многу луѓе меѓу кои слепи и лица со оштетен вид, лица кои користат читачи на екран и оние со ограничена моторика секојдневно се соочуваат со непристапност до јавните веб-сајтови. Проектот „Дигитална пристапност и социјална инклузија“ има за цел да ги надмине овие бариери и да го подготви институциите за претстојниот Закон за дигитална пристапност и усогласување со европските стандарди.

Важно е да се подигне свеста за дигиталната инклузија, затоа што лицата со попреченост во мобилноста, лицата си оштетен вид, со оштетен слух секојдневно се соочуваат со сериозен проблем. Законот за дигитална пристапност кој треба да стапи на сила на 1 јули 2026 и неговата примена се во насока на олеснување на овие проблеми, вели професор Граматиков.

„Слепите лица не го гледаат на пример веб сајтот како ние што го гледаме, значи за нас има некакви елементи, но тие користат асистивни технологии. Меѓутоа за тие асистивни технологии да функционираат треба да се стават податоци. Ако има слика мора истата да има некој текст што не е видлив за нас, за обичните корисници меѓутоа во позадина самата веб страница се става по посебно делче каде што има опис на сликата се вика алтернативен текст и ако го нема слепиот корисник тоа не може да го прочита“, изјави проф. д-р Сашо Граматиков, раководител на проектот „Дигитална пристапност и социјална инклузија“ на ФИНКИ.

Во рамки на проектот WebEmpower со свои идејни решенија за веб пристапност се претставија Филип Најдовски и Петар Христовски студенти на ФИНКИ и експерти од EaseAccess 24 кои работат на асистивна технологија за луѓе со попреченост.

„Многу од тие страници не се пристапни во самата структура, попрецизно HTML структурата на самата веб страница има одредена семантика, одредена структура како треба да биде создадена за тој читач на екран да може да навигира на неа“, вели студентот Петар Христовски.

„Лицата со попреченост имаат потреба од асистивни технологии за да учествуват во тој свет. И ние сме на некој начин тој мост кој ги спојува дигиталните асистивни технологии со веб страниците. И затоа е потребно што повеќе да се вложува во вакви софтвери и инфраструктури за тие да може да учествуваат нормално како и сите нас во овој свет“, рече студентот Филип Најдовски.

Според Маша Маловрх која е експерт за дигитална пристапност од Словенија дијалогот помеѓу јавните институции и академската заедница, меѓународните партнери и лицата со попреченост е исклучително важен за значењето на дигиталната пристапност и развојот на инклузивни дигитални услуги.

Нина Стефанова

Дигитална обработка: T.Д.