Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла – Временска прогноза за 4.1.2024

/

пред 1008 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно и магливо.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 3°C, а максималната од 9 до 16°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-4 Берово, -1 Скопје-Петровец, Струмица, 0 Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија, Попова Шапка, 1 Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, Лазарополе, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Крушево, Дојран, Маврови Анови, 4 Прилеп, Виница, Дебар, 6 Охрид.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

5 Маврови Анови.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Попова Шапка, 3 Дебар, 2 Крива Паланка, Виница, Лазарополе, 1 Тетово, Маврови Анови, Штип, Струмица, Крушево.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 5.5, Дојранско Езеро 3.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/