Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд – Временска прогноза за 30.7.2025

/

пред 433 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22°C, а максимумот од 26 до 35°C.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

6 Маврови Анови, Лазарополе, 4 Тетово, 3 Попова Шапка, 2 Пожаране, 1 Скопје-Зајчев Рид.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 24.0, Преспанско Езеро 24.0, Дојранско Езеро 27.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/