Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 1.10.2022

/

пред 1470 дена

Сподели преку :

Првиот ден од месец октомври носи променливо облачно време. Што значи ќе има и сончеви периоди, но со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Најпрвин во западните и северните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Во Скопската Котлина променливо облачно со кратки сончеви периоди. Особено во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

6 Берово, 7 Попова Шапка, 8 Битола, 9 Крива Паланка, 10 Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Крушево, 11 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Струмица, 12 Штип, Гевгелија, Куманово, 13 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Виница, 16 Дојран.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 19.0, Преспанско Езеро 17.0, Дојранско Езеро 24.6.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/