Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално, во попладневните и вечерните часови, ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л./м2) и засилен ветер.
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови врнежи од дожд.











