Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промовирана поштенска марка по повод 75 години Државен архив на Македонија

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Државниот архив на Македонија ја продолжува програмата по повод јубилејот -75 години постоење. По тој повод, денеска беше промовирана поштенска марка, чиј дизајн го направи Јован Стојановски. Таа е со номинална вредност од 43 денари, а е печатена во тижар од 6000 примероци. Според директорот на Државниот архив, оваа поштенска марка е мал симбол со огромна вредност- печат кој што патувајќи по светот, ќе сведочи за нашата историја, култура и државност. Марката ја печатеа од Македонска пошта, од каде рекоа дека таа претставува вредност во поштенскиот сообраќај со светот.