Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени црните кутии на авионот на „Американ ерлајнс“

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Црните кутии од авионот на „Американ ерлајнс“, кој се судри со воен хеликоптер „Блек хок“ над Вашингтон, се пронајдени. Несреќата се случи додека авионот се подготвувал да слета на аеродромот „Роналд Реган“, при што загинаа 67 лица, вклучувајќи 60 патници и 4 члена на екипажот во авионот и три во хеликоптерот.

Во судирот со хеликоптерот, авионот се урна во реката Потомак. Американските власти се уште не ги утврдиле причините за инцидентот, а се очекува прелиминарен извештај за 30 дена. Полицијата продолжува со пребарување на теренот за да лоцира останати делови од авионот.

Претседателот Доналд Трамп изрази сомнежи за можните фактори, но без докази. Официјални лица од друга страна изјавија дека за сега нема индикации за причината на несреќата.

Познат идентитетот на екипажот од армискиот хеликоптер