Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север синоќа ги лишиле од слобода 41 годишниот Б.Р. од липковското село Матејче и 32 годишниот Љ.Љ. од Куманово.
Како што соопшти МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р. сопатник му бил Љ.Љ. додека со нив биле пронајдени двајца мигранти од Непал во истиот автомобил.
Лицата Б.Р. и Љ.Љ. биле лишени од слобода синоќа, во 19:40 часот во кумановското село Табановце, на крстосница кон село Лојане, Липковско.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.











