Дванаесет планинари кои се изгубиле на падините на Шар Планина беа пронајдени во добра здравствена состојба само половина час по пријавувањето на нивното исчезнување.
Повикот за помош бил примен вчера во 21:35 часот, а планинарите биле пронајдени во 22:05 во близина на Три Чешми.
Тие тргнале од селото Пршовце со цел да стигнат до Доброшки Езера.
Полицијата од СВР Тетово веднаш организирала потрага, а планинарите биле пренесени во тетовската клиничка болница на преглед.
Лицата се во добра здравствена состојба, велат надлежните.











