Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдено безживотното тело на 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар

/

пред 446 дена

Сподели преку :

Шестдневната потрага по 16-годишното девојче кое на 24-ти јули исчезна во водите на реката Вардар, во атар на село во општина Градско, денеска имаше трагичен епилог.

Како што соопшти МВР, безживотното тело на девојчето било пронајдено денеска околу пладне во водите на реката Вардар, во атар на село во општина Градско.

По извршениот увид, телото на девојчето било дадено на обдукција.

Исчезнувањето на девојчето го пријавила нејзината сестра на 24-ти јули, а според првичната информација се трагаше и по 26 годишна девојка. Таа потоа беше пронајдена жива од страна на припадниците на МВР.