Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пропадна и обидот на Има таков народ за формирање влада во Бугарија, земјата пред нови избори

/

пред 809 дена

Сподели преку :

Бугарија пред нови парламентарни избори, кои би биле втори годинава, откако пропадна и обидот на Има таков народ да биде формирана влада. Претседателот Румен Радев по ГЕРБ и Продолжуваме со промените, мандатот го даде на партијата на Слави Трифонов, но по неколку неделни преговори, ГЕРБ денеска соопшти дека нема да даде поддршка за влада и мнозинство предводено од Има таков народ.

Причината за пропаѓањето на преговорите е таен состанок на претставници од Има таков народ, Продолжуваме со промените, Демократска Бугарија, Бугарската социјалистичка партија, фракција од поделеното Движење за права и слободи и проруската Преродба, на која главна тема, според агенцијата БГНес, била смена на собраниската спикерка Раја Назарјан.

ГЕРБ обвини дека целта на Има таков народ не е формирање мнозинство и влада на Бугарија, туку смена на Назарјан, која инаку доаѓа од редовите на ГЕРБ, и формирање техничка влада.

Бугарија повеќе од три години не може да формира стабилна влада, и од 2021 година до сега се одржаа 7 предвремени парламентарни избори, по кои ниту една партија не освои доволно мнозинство. Во пет наврати претседателот Радев мораше да назначи техничка влада да ја води земјата, откако ниту еден од мандатарите на успеа да собере поддршка за да формирање влада.