Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пропадна протестот на дел од вработените во јавниот сектор за усогласување на платите со минималната

/

пред 1622 дена

Сподели преку :

Прекинат протестот  на КСС.  На најавениот собир пред законодавниот дом дојдоа само неколкумина административци, за да го искажат револтот од ниските плати. Од синдикатот обвинија дека слабиот одзив е поради притисоци врз членството. Најавија дека во текот на денот ќе донесат одлука кои ќе бидат нивните следни чекори – дали ќе се одржат најавените едночасовни протести.

Претходно КСС најави дека ќе протесираат сѐ додека не се исполни нивното барање за усогласување на платите со минималната. За колку точно проценти би требало да биде покачувањето, не прецизираат со образложение дека сите вработени добиваат различен износ на плата.

Од синдикатот сметаат дека покачување мора да има. Цените и инфлацијата растат, а во секторот сѐ уште има вработени кои добиваат плата пониска од минималната.

Ирена Чачкова