Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Просечната нето плата во февруари 43.053 денари

/

пред 534 дена

Сподели преку :

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 43.053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето плата по вработен е повисока за 9,6 проценти.

Државниот завод за статистика појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16.6 проценти, Преработувачка индустрија за 11.5 проценти и за Образование 11.4 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 3.9 проценти и Преработувачка индустрија за 2.5 проценти.

Во февруари годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64.634 денари.