Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проширен е тимот – 9 јавни обвинители ќе работат на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани

/

пред 584 дена

Сподели преку :

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат:

– 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани
– 2 јавни обвинители од ОЈО Штип
– 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје

Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. Увидот на лице место денеска продолжува.