Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест пред Владата на Црна Гора, додека заседава советот за безбедност

/

пред 655 дена

Сподели преку :

Граѓани попладнево се собраа пред зградата на Владата на Црна Гора, на протест за да го изразат револтот кон реакцијата на властите во однос на трагедијата што се случи на 1 јануари во Цетиње.

Појавувањето на десетици полицајци пред зградата на Владата во еден момент ги револтираше граѓаните кои почнаа да ги прозиваат и да прашуваат „каде бевте на 1-ви јануари“?

Граѓаните носеа транспаренти на кои пишува: „Рацете ви се крвави“, „Системот ви е скапан“ и „12 минути молк“.

Демонстрантите побараа одговорност и смена на целото раководство во безбедносниот систем.

Според проценките на црногорските медиуми, околу илјада демонстранти вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада.

Во црногорските медиуми претходно беше објавена информација дека во моментот на трагедијата во Цетиње, град со околу 16.000 жители, имало само 9 полицајци.

Ацо Мартиновиќ од Цетиње во средата уби 12 лица, а четворица тешко рани во крвав напад на Цетиње. Меѓу жртвите има и две деца.