Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест против најавените концерти во Кочани за празникот Петровден

/

пред 470 дена

Сподели преку :

Треба ли да празнува градот кој пред четири месеци загуби голем број млади луѓе  во страотен пожар во импрозивираната дискотека „Пулс“?

Семејствата на жртвите во Пулс вечерва излегоа на протест против најавените концерти во Кочани за празникот Петровден.

Лути се на потегот на општината за музичка програма во градот завиен во црно. Облечени во маици со ликовите на нивните загинати деца, пред бината поставија нивни фотографии и запалија свеќи.

Утре во 16 часот ќе има комеморација за жртвите, а во 18 часот и 5 минути ќе се одржи 14-тиот марш на ангелите.