Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протести во Белград во знак на поддршка на Србите во Косово

/

пред 1408 дена

Сподели преку :

Неколку стотици демонстранти синоќа се собраа во Белград во знак на поддршка на Србите во Косово. Демонстрантите скандираа и носеа знамиња на кои пишуваше „не се предаваме“ додека маршираа по улиците на главниот град.

Во северно Косово поставени се блокади на патиштата во знак на протест против неодамнешното апсење на поранешен српски полицаец Дејан Пантиќ на кого вчера му беше исречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Косовските власти го товарат со делото тероризам, а го обвинуваат дека ги организирал вооружените напади од пред некој ден врз полициска станица и канцелариите на изборните комисии во општините со мнозинско српско население во северно Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави оти во четврток и официјално ќе поднесе барање до КФОР за враќање на безбедносните сили на Србија на Косово, согласно Резолуцијата 1244.