Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протестите предводени од студентите во Белград завршија со судири со полицијата

/

пред 470 дена

Сподели преку :

Српската полиција употреби солзавец и шок бомби во обид да ги растера демонстрантите по завршувањето на вчерашниот голем протест во центарот на Белград. Десетици лица беа уапсени во судирите кои избија откако, спроед Министерството за внатрешни работи на Србија, распоредените полицајци кои ги чувале државните институции биле нападнати.

Околу 140.000 студенти и демонстранти се собраа во Белград со што ова беше еден од најголемите протести изминативе месеци откако започнаа блокадите на студентите и бојкотите ширум општеството. Тие бараат предвремени избори и крај на 12 годишното владеење на претседателот Вучиќ и Српската напредна странка.

Полицијата распореди десетици полицајци во опрема за немири околу владини згради, парламентот и Пионирскиот парк каде што пак беа провладините студенти кои се противат на блокадите, а освен нив во српскиот главен град имаше и голем број поддржувачи на властите од целата земја.

До 21 часот не беа регистрирани инциденти.