Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протестите против законските измени на Зеленски не престануваат

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Обидот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги стави антикорупциските тела и специјалното обвинителство под поголема владина контрола ги извади граѓаните на улица и покрај војната која повеќе од 3 години ја разорува земјата. Законот кој завчера го потпиша Зеленски беше жестоко критикуван, како од домашната опозиција и граѓаните, така и од ЕУ.

Војната не ја блокира демократијата. Значи, ако без приговор прифаќаме сѐ што владата прави, демократијата може да се претвори во автократија. Веќе добива такви карактеристики. Всушност, тоа што сега има забрана за протести не значи дека луѓето веќе не сакаат европска иднина. Сакаме демократија, ние сме европска демократска држава, изјави катерина данилевич, која протестираше во Киев.

Во обид да го смири незадоволството Зеленски соопшти дека ќе предложи измени на законот со кои парламентот ќе ја гарантира независноста на антикорупционерите.

Ќе предложам закон до Врховната рада на Украина како одговор. Тој ќе ја гарантира силата на системот на владеење на правото, и нема да има руско влијание или мешање во активностите на спроведувањето на законите. И тоа што е многу важно, сите норми на антикорупциските институции ќе бидат имплементирани, изјави зеленски во своето вечерно обраќање.

Но оваа отстапка на украинскиот претседател не беше пречекана со ентузијазмот на кој тој се надеваше.

Проблемот со корупцијата е директно поврзан со сите други проблеми, вклучувајќи ја и војната. Според мене, корупцијата води до убиства, води до неуспеси на фронтот, и затоа мораме да ја искорениме на законодавно ниво. Нападот врз системот за борба против корупцијата, на институциите НАБУ и САПО е напад врз мене лично, напад врз моите пријатели кои служат во Вооружените сили на Украина, и тоа за мене е црвената линија, тоа за мене е неприфатливо, вели демонстрантот јарослав таленко.

Законот со кој украинскиот претседател сакаше да ја зголеми контролата врз двете најистакнати институции во борбата против корупцијата ги предизвикаа првите антивладини протести во земјата по руската инвазија во 2022 година.

Игор Трајков