Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прва претстава на режисерот Ќендрим Ријани на македонски јазик – Битолскиот народен театар гостува во Тирана

/

пред 1246 дена

Сподели преку :

За Телма од Тирана

Нина Стефанова

По речиси 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Националниот театар во Тирана. Битолскиот народен театар вечерва ќе ја изведе претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во режија на Ќендрим Ријани. За Ријани ова е прва соработка со Битолскиот народен театар, но и прва претстава која ја работи на македонски јазик.

Вечерашното гостување на Битолскиот народен театар е во организација на Македонскиот културно – информативен центар во Тирана. За Ориѓански во ова брзо темпо на живеење, економска криза, токму уметноста ја има моќта да ја разоткрие сета убавина на меѓукултурниот дијалог.

Веднаш по изведбата на на „Артуро Уи“ во Македонскиот културно-информативниот центар во Тирана ќе биде отворена изложбата на костими на Благој Мицевски и театарски плакати.