Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првата дама на Украина го осуди од говорницата на ОН „незамисливот ужас“ предизвикан од руските сили

/

пред 1594 дена

Сподели преку :

Првата дама на Украина Олена Зеленска од говорницата на Светската здравствена организација (СЗО) го осуди „незамисливиот ужас“ предизвикан од руските сили. Русија, од своја страна, ја осуди „политизацијата“ на СЗО, пренесе АФП.

Војната, што ја води Русија, „покажа ужаси што не можевме да ги замислиме“, рече Зеленска на видео-конференција на Светското здравствено собрание, годишниот состанок на сите земји-членки на организацијата со седиште во Женева. Таа истакна дека „најфундаменталните човекови права на живот и здравје, чија заштита е заложба на СЗО, сега се прекршуваат во Украина“.

„Ниту еден Украинец, без разлика дали е возрасен или дете, не може да биде сигурен дека ќе се разбуди утре, ниту дека неговата куќа нема да биде погодена од ракета“, изјави сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Таа, исто така, привлече внимание на долгорочните последици од војната, особено врз менталното здравје на Украинците.

Заменик-министерот за здравство на Русија Александра Дронова ги осуди „обидите за политизирање на работата на СЗО, како и отстапувањето од нејзиниот принцип да биде непристрасен во својата работа“.

„Во врска со ова, го повикуваме генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус да не дозволи таа да стане политичка платформа“, рече таа.

Светското здравствено собрание денеска ќе одлучува за нацрт-резолуцијата иницирана од Украина и поддржана од нејзините западни сојузници, забележува АФП.

Текстот остро ја осудува Русија за нападите врз украинските здравствени установи, но не предвидува нејзино отстранување од организацијата, изјави западен дипломат. Тој објасни дека многу земји сакаат да продолжи здравствената соработка.