Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првата македонска берза за тргување со струја изврши пробно тестирање

/

пред 1308 дена

Сподели преку :

Компанијата МЕМО, која е ќерка фирма на АД МЕПСО, во изминатите 4 дена извршила пробно тестирање на првата берза за тргување со електрична енергија. Од МЕМО велат дека се постигнати одлични резултати за време на тест периодот на пазарот на електрична енергија ден-однапред кој е предвидено официјално да почне со работа на 10 мај 2023 година.

За време на тестирањето со повеќе од 24 потенцијални учесници извршена е симулација на четири различни сценарија:

  • Нормален ден
  • Технички проблем ПРЕД затворањето на книгата на налози + Доцнење во објавувањето на резултатите
  • Технички проблем ПО затворањето на книгата на налози + Доцнење во објавувањето на резултатите
  • Технички проблем + Процедура на неодржување на аукција, се вели во соопштението.

Од МЕМО велат дека веднаш по официјалното одобрување на Правилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија (берзата на електрична енергија) од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги,  ќе го отворат процесот на регистрација на учесниците на пазарот ден-однапред.

Со воспоставување на пазарот ден-однапред ќе се овозможи формирање на релевантна референтна цена  во нашата држава, ќе се овозможи пазарно поврзување со соседните пазари, а со тоа и ќе се олесни достапноста на електричната енергија на учесниците на пазарот на големо.  Сето тоа претставува еден од основните предуслови за приватни инвестиции во енергетиката и во енергетско интензивните стопански дејности, додаваат од МЕМО.